Совршена за уживање: Медитеранска викендичка во природа

Совршена за уживање: Медитеранска викендичка во природа

На шпанскиот остров Ибица, изградена е уникатна бетонска викендичка која претставува спој на медитеранската култура и природното опкружување.

Совршена за уживање: Медитеранска викендичка во природа

Таа се карактеризира со интересна комбинација на материјали – бетон, кој е користен за главната структура и бамбус, кој ги формира завесите на прозорците и вратата со неправилна форма.

Совршена за уживање: Медитеранска викендичка во природа

Куќата е инспирирана од шпанските и арапските културни наследства.

„За нас, дизајнирањето модерни градби значи воспоставување на еден дијалог помеѓу историјата и природата“, велат архитектите од италијанската компанија „Metroarea“, заслужни за впечатливиот дизајн на куќата.

Совршена за уживање: Медитеранска викендичка во природа

Формата го следи природниот наклон на теренот и ги напушта вообичаените прави агли и стаклени елементи. За нејзината изградба избрани се едноставни материјали, со цел да се избегне популарниот луксузен изглед.

Совршена за уживање: Медитеранска викендичка во природа

Централната зелена површина е опкружена со патеки и тераси на повеќе нивоа.

Совршена за уживање: Медитеранска викендичка во природа

Планот на куќата се состои од три нивоа кои се поврзани со искривени скали, но раздвоени според посебни функции.

Совршена за уживање: Медитеранска викендичка во природа

На едниот крај од приземјето се наоѓа апартман со спална соба, плакар и дневна соба, додека пак на другиот крај сместени се шест гостински соби. Надвор на ова ниво се наоѓа и главниот базен.

Совршена за уживање: Медитеранска викендичка во природа

Широката дневна соба со 15-метарски широки лизгачки врати кои водат до другиот базен на отворено, се наоѓа на првиот кат, а тука се сместени и трпезарија, кујна, теретана и спа-центар.

Совршена за уживање: Медитеранска викендичка во природа

На највисокото ниво има уште една дневна соба.

Совршена за уживање: Медитеранска викендичка во природа

Погледнете уште интересни фотографии од оваа викендичка на наредната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар