Совршена летна инспирација за љубителите на здравата храна

Совршена летна инспирација за љубителите на здравата храна

Појадокот за многумина е омилениот оброк во текот на денот, а кога станува збор за блогерката Самира Казан, тој е и најубав. Таа подготвува прекрасни коктели, тостови и мафини, а најшармантни и според нас најубави креации се оние со смудиња.

6-dobredojdovte-vo-svetot-na-smudinjata-sovrshena-letna-inspiracija-za-ljubitelite-na-zdravata-hrana-www.kafepauza.mk_

Шарените и ведри смудиња ги сервира во папаја, во кокос како и во ананас, кои служат како чинија, меѓутоа користи и секојдневни стандардни чаши.

16-dobredojdovte-vo-svetot-na-smudinjata-sovrshena-letna-inspiracija-za-ljubitelite-na-zdravata-hrana-www.kafepauza.mk_

Смудињата се украсени со цвеќе, овошје, бобинки, бонбони, па дури и со мали парчиња чоколадо.

1-dobredojdovte-vo-svetot-na-smudinjata-sovrshena-letna-inspiracija-za-ljubitelite-na-zdravata-hrana-www.kafepauza.mk_

Со овие прекрасни и здрави смудиња нема да посакате ниту еден друг појадок.

2-dobredojdovte-vo-svetot-na-smudinjata-sovrshena-letna-inspiracija-za-ljubitelite-na-zdravata-hrana-www.kafepauza.mk_

Своите убави и вкусни креации, Самира Казан, ги споделува на својот Инстаграм профил како и на својот веб-сајт Alphafoodie. Освен тоа што можете да уживате во прекрасните фотографии, исто така можете да се обидете и самите да ги креирате, бидејќи со секое смуди можете да пронајдете и детален опис и начин на подготовка. Уживајте во летото на најубавиот начин и наполнете се со здравје.

5-dobredojdovte-vo-svetot-na-smudinjata-sovrshena-letna-inspiracija-za-ljubitelite-na-zdravata-hrana-www.kafepauza.mk_

Продолжете на следната страна за да погледнете уште неколку инспиративни и вкусни креации.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар