Дизајнерите ги споделуваат најдобрите совети за уредување нов дом

Дизајнерите ги споделуваат најдобрите совети за уредување нов дом

Вселувањето во нов дом може да претставува напорна работа. Прво треба да спакувате сè од стариот дом, да се преселите во новиот, а потоа да се распакувате и да наредите сè во новиот дом. Домот, своето име го добива со оставање личен печат во секоја просторија. Па, доколку сакате да ја завршите селидбата што е можно побрзо, треба да имате план, за да не се изгубите во хаосот при средувањето на домот. Вклопувањето на стариот мебел со нов, обидувањето да го добиете стариот изглед на вашиот дом или пак, смислувањето нов ентериер може да биде доста напорна и досадна задача. Токму затоа и ви ги споделуваме овие одлични совети од искусни дизајнери за ентериер со цел полесно и подобро да го завршите овој процес.

(1)soveti-za-ureduvanje-nov-dom

1. Дел од работите и мебелот кои сте ги преместиле, сепак требало да останат во стариот дом

По селидбата ќе сфатите дека имате повеќе мебел и предмети од што мислите. Преселувањето на целиот имот всушност е трошење време, напор и пари. Доколку порано не сте го направиле тоа, сега е време да го исчистите домот од непотребни работи. И да не планирате преселба, добро е одвреме-навреме да го исчистите домот од непотребни предмети. Неколку месеци пред преселбата, направете план за работите кои ви се потребни. Исчистете ја секоја просторија и одлучите што ќе фрлите, што ќе задржите, а што ќе донирате.

2. Стариот мебел можеби ќе биде непрактичен во новиот дом

Најголемиот проблем при преселувањето е обликот и стилот на стариот мебел кој не е прилагодив во новиот простор. При селењето можете да го продадете стариот мебел. Кога купувате нов мебел, никогаш нема да погрешите со изборот на класични модели. Најдобра варијанта е мебелот кој може да се разделува во неколку сегменти. Со класичниот мебел, инвестирајте во украси со силни бои или интересни креации. Можете да си играте со боите кога се во прашање перничиња, вази, рамки или теписи. Софата сепак нека биде неутрална.

3. Тешкиот мебел го отежнува преселувањето

Иако често имаме идеја дека тешкиот мебел е поквалитетен, не е секогаш така. Индустријата и технологијата напредуваат, па сега и лесните парчиња мебел се долготрајни. При купувањето мебел размислете за тежината. Барајте мебел кој има добра конструкција, но е направен од лесни материјали. Мебелот кој може да се раздели на повеќе сегменти го олеснува преселувањето и преместувањето.

4. Не го одложувајте обелувањето и декорирањето во новиот дом

Доколку сакате да направите некои промени во вашиот нов дом, како белење на ѕидовите или промена на осветлувањето, направете го тоа веднаш! Што повеќе одложувате, толку помали се шансите да го завршите тоа за време на поголемите обврски. Проектот кој создава голем неред, како што е белењето и фарбањето завршете го што е можно побрзо. Идеално време за белење е пред вселувањето. Доколку започнете со декорација пред вселувањето, најверојатно ќе успеете да ја завршите до крај.

Сигурно минувате низ турбулентен период доколку се селите. За да си ја олесните селидбата, веднаш ослободете се од непотребниот мебел, донирајте го она што не ви е потребно и набавете мебел кој е лесно прилагодив.

Погледнете ги и овие летни инспирации за декорирање на спалната соба.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент по Македонски јазик и книжевност. Кога не пишува - чита, и обратно. Сигмунд Фројд, нејзините миленичиња, цртани, Фреди Меркјури, стари предмети и Мото ГП.

Поврзани содржини

Остави коментар