Сон на сите љубители на физичката активност: Сала за вежбање што плови по реката Сена во Париз

Сон на сите љубители на физичката активност: Сала за вежбање што плови по реката Сена во Париз

Италијанските архитекти од фирмата од „Carlo Ratti Associati“ дошле до многу иновативна идеја да направат сала за вежбање што ќе плови по реката Сена во Париз, наречена „Paris Navigating Gym“. Освен што е креативна, оваа идеја е извонредна бидејќи салата за вежбање плови благодарение на човечката енергија што ја добива додека луѓето вежбаат. Генијално!

Сон на сите љубители на вежбањето: Сала за вежбање што плови по реката Сена во Париз

Стаклениот покрив им овозможува на луѓето да гледаат во Ајфеловата кула додека вежбаат, што го прави целото искуство уште поневеројатно и понезаборавно. Овој брод за вежбање е 20 метри долг и може да собере најмногу 45 луѓе. Во него има велосипеди за вежбање, спортски патики и екрани кои известуваат за моменталните временски услови на реката Сена.

Вака е составен бродот:

Сон на сите љубители на вежбањето: Сала за вежбање што плови по реката Сена во Париз

Направите за вежбање се поврзани со инвертор (струјно коло што ја претвора еднонасочната струја во наизменична) кој ја претвора енергијата од вртењето на педалите во електрична енергија. Така енергијата добиена од направата и корисникот му дава енергија на бродот.

Сон на сите љубители на вежбањето: Сала за вежбање што плови по реката Сена во Париз

„Овој проект ја истражува можноста да се зачувува човечката енергија. Фасцинантно е тоа што енергијата добиена од вежбањето може да се искористи за да се придвижи еден брод! На овој начин може директно да се согледа што подразбира апстрактниот концепт за ’електрична енергија’“, изјавил Карло Рати, основачот на фирмата.

Сон на сите љубители на вежбањето: Сала за вежбање што плови по реката Сена во Париз

Најдобрата вест е тоа што во текот на летото салата за вежбање ќе биде со отворен покрив. Зар не би сакале и вие да имате можност да вежбате во ваква сала?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар