Сон на сите љубители на книги: Изолирана библиотека скриена во длабочините на шумите
Некои луѓе сакаат да читаат дома, други во паркови во природа, трети, пак, во автобус додека патуваат за на училиште или работа. Некои сакаат да читаат на најтивкото место што можат да го најдат, место што ќе им дозволи целосно да нурнат во волшебниот свет на книгите без да се грижат дека магијата ќе исчезне поради гласната бучава.
Доколку се пронајдовте во последниот опис, со сигурност ќе ви се допадне оваа изолирана библиотека скриена во шумите во Њујорк. Нејзиниот дизајн е дело на американската фирма „Studio Padron“ и се вика „Hemmelig Rom“, што на норвешки значи „тајна соба“. Црната колиба од 200 метри квадратни е изградена од дабово дрво и внатре има кревет, фотелја, работна маса и шпорет на дрва за да ви биде топло додека стуткани го читате романот што сте го одбрале од многубројните полици со книги околу вас.