Снежна уметност
Автор: Моника Трајковска
Овие неверојатни дизајни во снегот инспирирани од концептот на круговите во жито се дело на артистот Сајмон Бек. Тој прави интересни геометриски фигури со специјални чевли за снег.
„Основните линии и точки се направени со помош на компас кој се користи и за премерување на мапите за ориентација“, објаснува Сајмон.
На Бек му се потребни од 5 до 9 часа за да ги создаде своите ремек-дела, кои понекогаш се со големина на фудбалско игралиште. Но зошто тој го прави тоа?
„Главната причина за создавање на овие уметнички дела е мојот проблем со стапалата, поради кој не можам повеќе да трчам. Одењето низ подлабок снег ми го олеснува секојдневното вежбање и ја намалува болката која ја чувствувам“, вели Сајмон.
Тој решил да направи нешто креативно за времето кое го поминува одејќи низ снегот и така започнале да се појавуваат овие неверојатни цртежи. Бидејќи неговата работа привлекува многу внимание, тој наскоро планира да купи подобар фотоапарат. Доколку ве интересира нешто повеќе за снежната уметност на Сајмон Бек, погледнете ја неговата фејсбук-страница.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.