Смрзнати пејзажи раскажуваат зимска приказна за европските шуми покриени со снег
Студот продолжува, а германскиот фотограф Килиан Шонбергер решил да ги фотографира последните зимски денови и да го направи серијалот „Зимска приказна“. Фотографиите се направени во Германија и централна Европа и ја прикажуваат магијата на замрзнатите шуми.
Тој ја опишува зимата како период кога приказните и легендите се раскажуваат дома додека целото семејство седи пред камин. Мистичните фигури чекаат пред влезната врата, а снегот и мразот како да ги оживуваат дрвата.
Иако е далтонист, Килиан го користи овој „недостаток“ како алатка која му помага да создаде свој стил.
Иако не може да разликува помеѓу зелена и кафеава, талентираниот фотограф се фокусира на текстурата и формата.
Тој ја опишува зимската шума како цртеж со мастило каде што дрвјата, гранките и карпите прават неверојатни шеми. Тој ги одбира руралните средини за неговите фотографии бидејќи ја сакал нивната убавина и меланхолијата која ги опкружувала.
Продолжува на следната страница…