Смртоносните вируси претставени како стаклени скулптури
Ешерихија Коли, ХИВ, Свински грип и Маларија се само дел од познатите здравствени зарази кои можат да го загрозат нашиот живот. Сите ги знаеме по име, но овој пат благодарение на артистот Лук Џерем можеме и визуелно да погледнеме како изгледаат најсмртоносните вируси во светот.

Свински грип
Сите негови уникатни скулптури се околу 1 милион пати поголеми од самиот патоген. Секоја скулптура е направена во консултации со виролози од Универзитетот во Бристол, а и самиот автор поминува безброј часови проучувајќи научни фотографии и макети од вирусите.

ХИВ
Резултатот од напорната работа на Лук е одлична колекција од исклучителни стаклени скулптури, кои од една страна воодушевуваат, а од друга прават да се чувствуваш непријатно додека ги гледаш.

Ешерихија Коли

Ешерихија Коли (одблизу)

H5N1

Човечки папиломен вирус (ХПВ)

САРС

Сипаници

Маларија

Т4 Бактериофаг
Погледнете како се изработува една стаклена скулптура.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.