Смајли, слепото куче кое е терапевт за ментално болните и оние со инвалидитет
И покрај тоа што e слеп од раѓање, златниот ретривер Смaјли е највеселото куче кое некогаш сте го виделе. Ова среќно куче е толку инспиративно, радосно и полно со љубов што меѓу другото работи и како куче за терапија, ширејќи среќа кај ментално болните и пациентите со инвалидитет. Стејси Морисон, фотографката на оваа галерија за него вели:
„Тој постојано се удира во нешто. Брзо сфатив дека додека трча накај тебе не знае кога да застане! Но покрај тоа, тој одлично се снаоѓа. Всушност додека си ја работи својата кучешка работа, како душкање, слушање или лаење, вие заборавате дека е слеп.“
Сопственичката на Смајли која е и професионален тренер на кучиња, Џоен, вели дека е многу важно за него сам да ја испитува околината, користејќи ги своите инстинкти наместо постојано некој да лебди над него гледајќи да не се удри во нешто. Смајли бил роден без очи, па токму затоа му ги сошиле со цел да се спречат инфекциите. И покрај тоа што често се удира во работите, тој брзо учи како да се снаоѓа низ просторот. Смајли исто така шири толку голема радост што некои од пациентите што ги посетува се смеат само кога тој е покрај нив. Интересно е и тоа што тој е целосно синхронизиран со Џоен. Тој може да открие преку звукот од нејзините чекори или од нејзиниот глас дали е безбедно да се оди право или има препрека на патот.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.