„Смачено ми е“ – Моќни фотографии кои се борат со стереотипите и осудувањето
Новиот фотографски проект „I’m Tired“ цели кон покренување дискусија поврзана со влијанието на вознемирувачките и честопати влијателни микроагресии и стереотипи преку едноставни, но моќни фотографии од луѓе кои откриваат дел од дискриминацијата која секојдневно ја чувствуваат.
Зад оваа фотосесија стојат Паула Акпан и Хариет Еванс, a проектот вклучува луѓе кои ѝ свртиле грб на камерата, покажувајќи моќни фрази исцртани на задниот дел од нивното тело. Сите пораки започнуваат со фразата „Смачено ми е од…“, а меѓу најчестите теми се расизмот, сексизмот и генералната слика за телото.
„На овој начин тоа е анонимно, ако личноста така одлучи, со оглед на тоа што не ги гледате нивните лица, но истовремено можете да ја согледате идејата дека некој бил обележан од општеството.“ – рекла Акпан за Buzzfeed.