Сликар со оштетување на видот собрал 1 милион долари за добротворни цели со неговите неверојатни уметнички дела
21-годишниот Џефри Хенсон создава толку неверојатно живи уметнички дела, што можеби нема да ви се верува дека тој има оштетување на видот кое му предизвикува едвај да гледа форми и бои во секојдневниот живот. И покрај тоа што овој артист е практично слеп, тој го користи својот уникатен талент за многу неверојатни уметнички дела, од кои голем дел ги продава за илјадници долари на познати личности како Ворен Буфе и Елтон Џон.
Кога бил млад, на Хенсон му била дијагностицирана неврофиброматоза, генетска состојба која предизвикува тумор на оптичкиот нерв што резултира со сериозна загуба на видот. Додека одел на хемотерапија, тој започнал со терапевтско хоби кое со тек на време прераснало во успешен бизнис. Од својата 19-та година па наваму, тој собрал над 1.000.000 долари за филантропски цели.
Како Хенсон успева да ги создаде сите овие дела? Како и многу други артисти со оштетувања на видот, тој се потпира на текстурата со цел да создаде спектакуларни скулпторски цртежи на неговото бело платно. Резултатите се неверојатно живи и апстрактни цртежи кои можат да бидат доживеани преку вид, но и преку допир.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.