Слеп сликар создава неверојатни колоритни уметнички дела
Многу лесно може да се замисли дека слепилото би претставувало инвалидитет кој би можел да стави крај на кариерата на еден артист, но тоа не се случило и со Џон Бремблит, чие губење на видот било токму тоа што ја засилило неговата страст за цртање. Тој почнал со цртање во 2001 година, кога го загубил својот вид поради епилепсија.
Бремблит е „функционално слеп“, што значи дека неговите очи можат да прават разлика помеѓу светлина и темнина. Но, сепак тој црта, а тоа го прави со помош на текстурата на боите така што преку нив може да почувствува точно каде се наоѓа на платното. Тој за својата работа вели:
„Всушност, јас се обидувам да го заменам сè она што очите го прават за еден артист со допирот. Подигнатите линии од боите ми овозможуваат да се движам низ платното. Исто така сите бои ми се обележани со Брајовата азбука и кога ги мешам користам рецепти. Тоа не е воопшто различно од користење рецепти за подготовка на торта.“
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.