Слатки животинки нацртани на камења

Слатки животинки нацртани на камења

Италијанската артистка Ернестина Галина имала чувство за уметност уште како дете. Отсекогаш сакала да слика, да црта и да моделира, но бидејќи нејзиното семејство никогаш не ја охрабрило да ги развива нејзините таленти, никогаш не посетувала школо за уметност, па уметноста ѝ била само хоби.

Слатки животинчиња нацртани на камењаСлатки животинчиња нацртани на камења

Во 1987 година заедно со семејството се преселила во Кенија, каде го здогледала новиот свет со многу природа и животни. Потоа, еден ден во библиотека наишла на книга со цртежи на камења и ја заинтригирала помислата, колку лесно речните камења можат да бидат претворени во уметнички дела инспирирани од природата. Ваквата идеја ѝ дала шанса да ја искомбинира нејзината страст за уметноста и љубовта кон животните и така амбициозно почнала да црта на камења и не престанала до ден-денешен.

Слатки животинчиња нацртани на камењаСлатки животинчиња нацртани на камења

Откако ги изострила нејзините вештини, за 3 години почнала да учи други луѓе за тајните на цртањето на камења, а во 2003 година, го оформила првиот клуб за сликање на камења во Италија. И покрај тоа што оваа форма на уметност постои подолг период, сепак оваа италијанска артистка, успева да ја воздигне на едно надреално ниво, со нејзините реалистично насликани животни.

Слатки животинчиња нацртани на камењаСлатки животинчиња нацртани на камењаСлатки животинчиња нацртани на камењаСлатки животинчиња нацртани на камењаСлатки животинчиња нацртани на камењаСлатки животинчиња нацртани на камењаСлатки животинчиња нацртани на камењаСлатки животинчиња нацртани на камењаСлатки животинчиња нацртани на камењаСлатки животинчиња нацртани на камењаСлатки животинчиња нацртани на камењаСлатки животинчиња нацртани на камења


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. рибичка Reply

    идеја за декорирање велигденски јајца, ако си го имаш “талентот“ 🙂

Остави коментар