Слатки плетени ракавици кои откриваат прекрасни слики откако ќе се постават заедно
Интернет продавницата Talking Gloves на Etsy, со седиште во Истанбул, создава прекрасни и неодоливи ракавици кои кога ќе ги поставите една до друга, формираат неочекувана слика.
Секој пар од овие ракавици се состои од два дизајни, еден на левата, друг на десната страна.
Некои парови имаат две идентични половини, така што кога ќе се поврзат заедно создаваат една целина, додека пак други се составени од два различни дизајни кои заедно формираат некаква сцена, така што секој дизајн „има нешто да каже.“
Покрај ова, овие слатки ракавици се достапни и во повеќе стилови, меѓу кои има и такви кои ви овозможуваат ракување со телефонот.
Тие исто така може да се најдат во сет заедно со капи, беретки и марами.
Сите производи се изработени од високо квалитетна волна, па освен што се естетски уникатни, тие и пријатно ќе ве затоплат.
Преминете на наредната страница за да видите уште уникатни дизајни од овие ракавици.