Слатки илустрации што прикажуваат како изгледа животот со куче
Уметницата Јаојао Ма Ван Ас е љубителка на животни која сака да илустрира еден од најважните елементи во нејзиниот живот – нејзиното куче Паркер. Нејзината колекција илустрации детално ја прикажува радоста од чувањето куче, како и посебната врска која се создава помеѓу луѓето и нивни крзнени пријатели.
Ма Ван Ас работи како уметнички режисер за анимирана ТВ серија и пред неколку години решила илустрирањето да го направи хоби. Работејќи со Фотошоп, таа умешно ги доловува слатките моменти кои ќе ги препознаат сите кои чуваат куче.
„Паркер е мојот син и го сакам премногу. Мислам дека секој кој го сака неговото куче колку мене, разбира колку е силна врската. Паркер и јас навистина сме на иста бранова должина. Тој сака да скока на мене кога сум среќна и ме теши кога сум тажна. Тој навистина е мојата емоционална поддршка.“
Илустрациите на Ма Ван Ас содржат многу повеќе од нејзиното куче и таа ја слави врската помеѓу нив. Нивната неверојатна поврзаност и љубов за авантури ќе ја препознаат сите кои сметаат дека нивното куче им е најдобар пријател.
Продолжува на следната страница…