Не ви доаѓа да ги помирисате? Запознајте ја слаткарката од Берлин која дизајнира цветни торти
Запознајте ја Јулијана, готвачка од Берлин којашто создава уникатни торти, а во рецептите употребува исклучиво сирови, вегански состојки. Креирајќи под името „Кулинарски точки“ (Culinary Dots), Јулијана готви торти со најуникатни дизајни, меѓу кои во главен фокус се букетите од цвеќиња. Секоја торта е изработена толку прецизно, што секој детаљ е запазен, па дури и тешко е да се поверува дека тие можат да се јадат!
Воедно, интересно е да се спомне дека Јулијана споделува еден куп рецепти на нејзиниот веб-сајт, па доколку сте заинтересирани и вие можете да ги направите нејзините торти, во вашата домашна кујна.
Доколку овие 50-тина фотографии не ви ја заситат вашата потреба од креативност, тогаш не заборавајте да го проверите и официјалниот веб-сајт на Јулијана culinarydots.com или пак нејзиниот Инстаграм профил.
На здравје оближување усни! 🙂
Продолжете на следната страница за повеќе фотографии…