Сладок сон на полна Месечина
Корејските дизајнери Лили Сух и Зоно од компанијата „i3lab“ се виновниците кои стојат зад оваа перница од „соништата“. Оваа Месечина е креативен пронајдок кој ќе го направи вашето спиење поинтересно. Феноменалната перница, која ја има и во поголема варијанта како душек за на под, е направена со помош на астрономскиот фотограф Чин Веи Лун, кој направил фотографии од полната Месечина над Куала Лумпур, Малезија. За визуелниот ефект на перницата се искористени 26 фотографии од месечината, а на изгаснато светло таа свети.
———————————————————————————————————————————————————————
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Mnogu interesno!
Е како ке спију на њума кда светло ке ми иде директно у очи??? Иначе убав изглед 🙂