Претходно
Скулптури од лисја инспирирани од љубовта кон природата
Сузана Бауер е уметник чии дела се далеку поинакви од оние на кои сме навикнати. Учејќи од мали нозе да плете и хекла, таа ја насочува оваа нејзина умешност кон создавање уникатни уметнички скулптури од лисја. За тоа што го прави, таа го кажува следното:
„Во мојата работа има добар баланс помеѓу кревкоста и силата, нежноста и тензијата во врските на луѓето, во минливата, но сепак долготрајна убавина на природата која ја има во најмалите детали, во ранливоста и отпорноста кои можат да се пренесат во природата како една целина.“
Уживајте во нешто поразлично, но сепак прекрасно.