Скриениот макросвет, откриен во серија од неверојатни фотографии
Јапонската фотографка Мики Асаи е исклучително талентирана во областа на макрофотографијата, која го следи животот на мравките и го истражува нивниот минијатурен свет од камења, цвеќиња и вода – најголемиот дел од времето, во својата градина. Асаи, која живее во северните јапонски острови на Хокаидо, е против контролирање на мравките во нејзините фотографии.
„Научив дека кога станува збор за живи суштества, ако сакате да ја постигнете фотографијата која е во вашата глава, трпението е единствениот начин,“ вели таа. „Многу пати ме прашувале како ги контролирам мравките, но ниту еден човек не би требало да го прави тоа. Треба да користите трипод, соодветна брзина на фотографирање, соодветна длабочина на полето и да се потпирате на вашата страст и трпение.“
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.