Ова 9-годишно дете од Либерија своите детски години ги минува во колиба во камп за бегалци во Брегот на Слоновата Коска. Оди на училиште во кампот.
Џои има само 11 години, но уште на седумгодишна возраст убил елен во родниот Кентаки, САД. Денес веќе поседува две пушки. Сака наскоро да оди на лов со самострел, затоа што пушките веќе му здодеале.
Индира има 7 години и живее во близина на Катманду, главниот град на Непал. Работи во каменолом уште од тригодишна возраст. Во нејзината куќа има само една соба, а во неа еден кревет и еден душек. Го дели душекот со своите брат и сестра.
Џасмин, или нагалено Џази, има само четири години, но и преку 100 учества не избори за убавина за деца во САД. Нејзината огромна соба во огромната куќа е исполнета со круни кои ги освоила. Сака да биде третирана како принцеза, а кога ќе порасне посакува да стане рок ѕвезда.
Ова 4-годишно Романче спие под отворено небо во околината на Рим. Неговите родители проселе за да извадат пари за автобус до Италија, а денес ги чистат стаклата на автомобилите на крстосниците за да се прехранат.
Риута е 10-годишно момче од Токио кое е шампион во сумо борење, а покрај тоа е и скаут. Живее со родителите и помладата сестра.
Со наполнети 14 години Ерлен е бремена веќе по трет пат. Првите две бебиња ги загубила кратко по породувањата. Ако ова бебе го роди живо и здраво, ќе мора да го остави училиштето за да се грижи за него како самохрана мајка. Инаку таа живее во фавелите на Рио де Жанеиро во трошна куќичка. Обично спие на подот, но мајка и ѝ дозволила да спие на креветот сега кога е во поодмината бременост.
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.
На овие фотографии можете да видите стари дрвени порти во Венеција, врати од ковано железо со елегантни детали и цврсти камени врати кои го издржале тестот на времето.
Во последно време забележувам еден тренд на напаѓање, навредување, критикување и како последица на претходните – банирање. Без да наведувам конкретни имиња на групи, ќе споделам неколку свежи искуства од кои бев запрепастена.