Сите деца не делат иста судбина

Сите деца не делат иста судбина

Сите деца не ја делат истата животна приказна. Немаат сите еднакви можности за развој и напредок. Тоа е добро познат факт, но откако ќе ги разгледате овие фотографии и прочитате приказните поврзани со нив, тоа и на сликовит начин ќе се вреже во вашата глава. Тие се дело на Џејмс Молисон, фотограф со кениско потекло кој израснал во Англија, а живее и работи во Венеција. Неговите фотографии се составени од два дела: детето поставено пред неутрална позадина на едната страна, и неговата соба која зборува за условите во кои тоа се развива на другата. Сите се собрани во книгата „Каде што спијат децата“.

„Се надевам дека книгата овозможува поглед врз животите на децата кои живеат во многу различни услови насекаде низ светот, шанса да се размисли за нееднаквоста која постои и да сфатиме колку среќа имаме повеќето ние кои живееме во развиениот свет,“ вели Молисон.

Под секоја од сликите има и по неколку податоци за детето кои подобро ќе ви ја доближат неговата среќна или тажна реалност.

Сите деца не делат иста судбина

Донг има 9 години и живее во кинеската провинција Јунан. Ја дели собата со сестра му, родителите и дедо му. Поседуваат земја само колку да произведат малку ориз и шеќер за себе.

Сите деца не делат иста судбина

8-годишната Алиса живее во мала куќа во Кентаки заедно со своите родители. Немаат парно греење, туку користат печка на дрва. Татко ѝ работи во супермаркет, а мајка и во Мекдоналдс.

Сите деца не делат иста судбина

Алекс има 9 години. Наместо да оди на училиште, тој пита по улиците на Рио де Жанеиро. Спие на улица.

Сите деца не делат иста судбина

4-годишната Каја живее со своите двајца родители во мал стан во Токио. Нејзината соба е полна со играчки, а покрај тоа поседува по 30 фустани, палта, сандали, чизми…

Сите деца не делат иста судбина

Риса е 15-годишна девојка од Кјото, Јапонија. Таа ја дели собата со уште пет девојки во куќа во која се спремаат да станат гејши.

Сите деца не делат иста судбина

Џејми има 9 години. Своето детство го поминува во луксузните станови на родителите во Њујорк, Англија и Шпанија. Сака да свири на чело, да игра кикбол и да учи за финансиското работење.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар