Сингл жена со години прави фамилијарни фотографии од себеси и кукли од излог. Причината ќе ве изненади!
Зошто некоја жена би го правела ова? Сигурно првите нешта што ви паѓаат на памет откако ќе ги видите фотографиите се дека станува збор за личност која е луда, психопат, чудак… Но, зошто си дозволивте да осудите една жена без да ја познавате? Не грижете се, не сте единствени…
Многу често жените се дефинираат според нивниот статус на сопруга и/или мајка. Без овие улоги, тие се наоѓаат надвор од рамките на дефиницијата за понежниот пол, па токму затоа за нив се појавуваат други имиња кои не се толку пријатни.
Сузан Хејнтс ја започнала оваа серија фотографии на почетокот на нејзината кариера, кога почнала да се соочува со универзалниот притисок да побрза и да си најде маж со цел да може да има свое семејство. Таа цело време околу неа слушала совети дека ќе биде многу поуспешна доколку има друг човек покрај себе со кој би можела да го живее својот живот. Токму затоа и започнала со оваа серија фотографии. Таа сакала на еден необичен и забавен начин да им покаже на луѓето што е во ред со оваа слика за жените.
Погледнете ги овие фотографии кои содржат моќна порака во себе. Жените можат да бидат сè што ќе посакаат! Тие не мора да се обидуваат со целата своја сила да се вклопат во критериумите кои општеството им ги наметнува…
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.