Симпатични облачиња создадени на креативен начин

Симпатични облачиња создадени на креативен начин

Лондонската фотографка Сара Ен Рајт, вели дека таа ги фотографира „забавата и соништата“, а овие фотографии го постигнуваат токму тоа. И покрај тоа што е талентирана да фотографира и пејзажи и портрети, токму овие оригинално замислени концептуални фотографии со облаци, ни го привлекоа вниманието. Минијатурните бели облачиња, изгледаат како магично да лебдат над стаклената чаша и над двете раце, додека од нив врне дожд и снег. Но, како сето ова е изведено?Симпатични облачиња создадени на креативен начин

Сѐ што гледате на фотографиите е реално, освен паѓањето на снегулките, помеѓу облакот и рацете, кои се додадени во Фотошоп. Дождот над чашата е всушност лак за коса, а снегот во рацете е вештачки снег, кој се раствора во вода. Облачињата се всушност обичен памук. За да добијам облаче кое ќе лебди, прво направив фотографија само со чашата и уште една со рацете во кои има снег. Потоа го држев „облакот“ т.е. паумкот над чашата, па над рацете и направив по уште една фотографија. Користев триногалка и се погрижив ништо на мојата сцена да не се движи. Потоа во Фотошоп ги избришав рацете со кои ги држев „облачињата“, за да изгледа дека лебдат. Потоа направив уште една фотографија, за која прскав лак за коса кон чашата, за да изгледа како да врне дожд. Снегот кој паѓа, го добив така што малку ги мрднав рацете, за да може малку од вештачкиот снег да падне надолу. Уште малку ги „нашминкав“ облачињата за да се истакнат малку повеќе и тоа е тоа.

Симпатични облачиња создадени на креативен начинНеверојатна надреална изведба, зарем не?!


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар