Претходно
Што се случува кога архитект ќе се обиде да подготви десерт?
Динара Каско е готвачка која го комбинира печењето со геометриски фигури и архитектски дизајни. Таа им пристапува на десерти како да се згради и создава уникатни структури што можат да се јадат.
„Имам многу нереализирани идеи и огромна желба за експериментирање. Не сакам да ги имитирам другите, сакам да создадам нешто ново“, вели таа.
И без сомнение успева. Единственото прашање што останува е како да јадете нешто олку совршено дизајнирано?