Што се крие зад овие убави пејзажи?

Што се крие зад овие убави пејзажи?

Погледнати оддалеку овие фотографии потсетуваат на пејзажи составени од природни земјени облици како брда, карпи, долини и планини. Но, кога ќе ги погледнете одблизу, ќе сфатите дека станува збор за природа, но во човеков облик. Креирана од страна на лондонскиот фотограф Карл Ворнер, „Bodyscapes“ е креативен проект, сочинет од еден поинаков, неконвенционален стил на работа, кој ги соединува портретите и пејзажите во едно.

Што се крие зад овие убави пејзажи? Што се крие зад овие убави пејзажи?

Речиси е невозможно да не посакате да ги препознаете и одвоите сите делови од човечкото тело, додека ги набљудувате овие фотографии. Ворнер им открива делови од сложувалката на своите гледачи, креативно именувајќи ги неговите фотографии како: ридеста долина од рамена, дини од гради, пустина од грбови…

Што се крие зад овие убави пејзажи? Што се крие зад овие убави пејзажи? Што се крие зад овие убави пејзажи?

Ова е една сензуална колекција од линии и облини, кои заеднички се испреплетуваат, за да создадат апстрактни форми. Фотографот, кој обично работи со храната како негов медиум, го опишува овој негов проект како „алтернативен портрет на човековото битие, во кој телото станува пејзаж на себеси“. Тој смета дека развитокот на ваквата нова перспектива на човечкиот облик, евоцира интимна рефлексија на нашето внатрешно „јас“.

Што се крие зад овие убави пејзажи? Што се крие зад овие убави пејзажи? Што се крие зад овие убави пејзажи? Што се крие зад овие убави пејзажи? Што се крие зад овие убави пејзажи? Што се крие зад овие убави пејзажи? Што се крие зад овие убави пејзажи?

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар