Што ако планетите беа на местото на Месечината?
Вселенскиот ентузијаст, артист и писател Рон Милер се запрашал како би изгледало ноќното небо доколку Месечината се земени со некоја од планетите во Сончевиот систем.
Неговата колекција од манипулирани фотографии ги опфаќа релативно малиот Меркур, па сè до огромниот Јупитер, поставени во оригинална големина на местото на Месечината. Тој ја земал предвид и оддалеченоста од Месечината до Земјата (која изнесува отприлика 390.000 километри).
Серијата фотографии на Милер содржи нормален поглед кон месечината на ноќното небо и 7 дополнителни фотографии, по една за секоја планета. Во својата креативна потрага целосно да ја долови својата спектакуларна визија, Милер го занемарува своето знаење за составот на атмосферата и им дозволува на сите планети да ги задржат своите карактеристики и бои.
Артистот вели: „Да ја земеме за пример топлата планета Венера. Ние се преправаме, секако, дека таа би ги задржала истите атмосферски карактеристики доколку би се наоѓала во истата орбита како и Земјата“.
Поради својот креативен избор да се фокусира целосно на визуелните карактеристики при заменувањето на Месечината со планета, фотографиите претставуваат надреален поглед на ноќното небо. Но, доколку тие навистина би се наоѓале на таа оддалеченост од Земјата, нивниот состав, изглед и бои би биле сосема различни…
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.