Шокантни фотографии кои ќе ве замислат: Што навистина значи да се биде сиромашен?

Шокантни фотографии кои ќе ве замислат: Што навистина значи да се биде сиромашен?

Мислите тоа што немате најнов телефон или облека по најновите трендови ве прави сиромашни, несреќни и помалку привилегирани од другите? Размислете повторно и бидете благодарни. Овие шокантни слики кои наскоро ќе бидат официјално изложени за првпат, навистина ќе го променат начинот на кој гледате на нештата. Постојат многумина кои израснале или сега растат без најосновните услови за живот.

Шокантни фотографии кои ќе ве замислат – што навистина значи да се биде сиромашен?

Оваа мајка е фотографирана со своето дете во скут, но имала уште 4 деца и целото семејство живеело во очајни услови – без топла вода, струја, греење, купатило… Жената готвела палејќи оган во дневната.

Фотографиите кои ќе ги погледнете биле направени во 1966 од страна на фотографот Ник Хеџис кој истовремено земал белешки за секое од семејствата што ги фотографирал. Тој се осврнал кон сиромашните домови со цел да се подигне свеста за семејствата кои живееле во беда во британските сиромашни квартови, и да им покаже на луѓето дека не се само бездомниците оние кои живеат во нечовечки услови.

Шокантни фотографии кои ќе ве замислат – што навистина значи да се биде сиромашен?

Оваа млада мајка е фотографирана како го внесува своето дете во напуштената и разурната зграда каде живеела со својот сопруг.

На фотографиите се прикажани нажалените и пропаднати ликови на сиромашните семејства, а најчесто само невините деца имаат храброст да гледаат во фотоапаратот. Прикажани се лошите услови за живот, играта на децата и безнадежноста. На една од сликите девојката користи дел од скршено огледало за да нанесе шминка, на друга мало девојче потпрено на ѕидот во раце држи бебе кое плаче, на трета пак прикажани се мајка и ќерка како стојат во оскудна кујна и немаат што да јадат. Ова се дел од 100-те фотографии кои ќе бидат изложени на изложбата. Еве како живееле луѓето таму во текот на 60-тите и 70-тите години од минатиот век.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар