Шминка која зборува сама за себе
Овие интересни фотографии се дело на младата Ева Сенин Пернас која успева на многу креативен начин да ги вклопи заедно љубовта кон шминката и љубовта кон фотографијата. Таа е дипломиран архитект и обожува внатрешен дизајн, но нагласува дека фотографијата отсекогаш ја влечела благодарение на нејзиниот дедо и неговата страст кон фотоапаратите.
„За мене фотографијата значи да се фати секој посебен момент од животот, така што тој нема да живее само во нашите сеќавања. Преку тие слики имаме можност да оживееме насмевка, поглед или кој било мал детаљ кој можеби со текот на времето сме го занемариле. Фотографијата ги покажува вистинските чувства од тоа време“.
Ги избравме токму овие фотографии на младата Ева затоа што истовремено ја доловуваат нејзината креативност, вештината да си игра со четките и боите, но и талентот за фотографија. Можеби не доловуваат некое парче минато, но навистина се исполнети со позитивна енергија и имагинација. Читајте од усни што сакала ни долови талентираната Ева!
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.