Шелфи е новиот тренд во уредувањето на ентериерот
Шелфи (shelfie) e новиот тренд во уредувањето на домот што го преплави Инстаграм, а сè што ви треба за да го уредите просторот на ваков начин е полица со неколку интересни детали која се вклопува во вашиот ентериер.
Терминот „shelfie“ е комбинација од англискиот збор „shelf“ што значи полица и од популарниот збор „selfie“ (селфи). Овој нов тренд на уредувањето на ентериериот функционира така што ќе си поиграте со деталите како што се книгите, рамките со слики, украсните ламби или малите саксии и ќе ги наредите на полицата така што ќе му го дадете на вашиот дом сосема нова димензија.
Станува збор за едноставен и достапен начин да го освежите ентериерот и да ги промените атмосферата и енергијата во вашиот простор за живеење.
Во зависност од тоа колку сте инспирирани, можете да се одлучите за монохроматски изглед на деталите или за трендовски детали во живописни бои. Бидејќи сега е сезоната на празници, вашата полица можете целосно да ја декорирате во новогодишен дух и да ја вклопите со изгледот на вашата елка и со другите празнични украси.
Бидејќи #shelfie фотографиите го преплавија Инстаграм, погледнете неколку што ќе ве инспирираат да го уредите домот на ваков начин.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Погледнете како да ги употребите книгите како совршен детаљ за уредување на домот.