Шармантно станче на поткровје во Париз
Неискористеното поткровје на една зграда во Париз, Франција претставувало одлично место за креативно изразување на архитектката Силви Каен. Во овој мал простор од скоро 16 метри квадратни, таа успеала да создаде одлично станче, наменето за студентски живот.Модерното студио е полно со уникатен и специјално дизајниран мебел, за да го собере во малиот простор, има одлично купатило, кујна, работно катче и спална. Големите прозори обезбедуваат големи количества сончева светлина, па станот е постојано убаво осветлен.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.