Шармантни илустрации ги доловуваат потценетите моменти на самотијата
Илустраторката Џени Ју од Лос Анџелес ги прикажува потценетите моменти од животот со нејзината колекција дигитални илустрации. Од златната утринска светлина која влегува низ прозорецот, до прошетките во градот за време на дожд, нејзините илустрации опишуваат расположенија што можеме да ги разбереме сите.
„Во овие идилични осамени моменти понекогаш се чувствувам најчовечно и мислам дека ова се чувствата што најдобро се обидувам да ги прикажам.“
Ју се вљубила во илустрирањето уште како дете кога ги открила анимираните филмови како оние на Мијазаки, особено „Авантурите на малечката Чихиро“ (Spirited Away).
„Бев толку допрена не само од приказната, туку од самата уметност на филмот. Беше толку убаво да се помисли дека сите овие артисти можат да направат нешто толку значајно.“
Илустрациите на Ју имаат магичен квалитет и изгледаат како надреална мешавина од дигитално цртање и аналогна фотографија. Исто како фотографија, уметноста на Ју совршено ги доловува многуте минувачки моменти од модерниот живот.
„Мислам дека илустрациите се начин да се долови еден момент и чувство кои можат да бидат особено интензивни. Понекогаш гледам како светлината паѓа на одреден материјал и си помислувам: ‘Тоа е неверојатно убаво. Се надевам дека можам и на некој друг да му покажам колку убаво и чудесно ми изгледа мене.“
Продолжува на следната страница…