Шарено и откачено: Новиот тренд за украсување на домот

Шарено и откачено: Новиот тренд за украсување на домот

Шармантните и откачени тапети кои привлекуваат внимание мора да ги имате, заедно со мебел во уште посилни бои!

1. Експлозија од бои

Она што денес го имаат заедничко за сите ентериери се различните бои чија функција е просторот да го направат топол!

 

Ver esta publicación en Instagram

 

Una publicación compartida de Homepolish (@homepolish) el

2. Размислувајте на големо дури и во мал простор

Многу мал мебел може да ја направи просторијата помала. Изберете парчиња од поголеми димензии, па така овој трик ќе ја направи просторијата поголема. Ако имате низок таван, избегнувајте лустери и одберете тавански светла. Секогаш е добра идеја да покриете некои sидови со тапети со откачен уметнички отпечаток.

 

Ver esta publicación en Instagram

 

Una publicación compartida de Homepolish (@homepolish) el

3. Тајната е во рамнотежата

Винтиџ деталите ќе му дадат на просторот уникатен карактер, но исто така се убави (и одржливи!). Дадете им нов живот на старите парчиња. Она на што треба да обрнете внимание е, на пример, да се постават стари фиоки со модерна слика веднаш над нив.

 

Ver esta publicación en Instagram

 

Una publicación compartida de Homepolish (@homepolish) el

4. Мебел од втора употреба е во ред, но не секогаш

Внимателно проверете ја состојбата на понудениот мебел и бидете реални во однос на себеси, дали нешто може да се поправи или да се преработи.

 

Ver esta publicación en Instagram

 

Una publicación compartida de Homepolish (@homepolish) el

5. Обрнете внимание на автентичноста

Многу често, во старите згради, сè се отстранува од внатрешноста, така што за околу десет години сè повторно ќе доживее слична судбина. Обидете се да спасите нешто што веќе изгледа кул и се чини дека може да игра улога во новиот ентериер. Ова ќе ви заштеди дел од буџетот, а исто така ќе му даде посебен карактер на просторот.

 

Ver esta publicación en Instagram

 

Una publicación compartida de Homepolish (@homepolish) el

Прочитајте за бојата што ќе биде хит во 2021 година која лесно се вклопува во секој простор.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар