Шарени мастики

Шарени мастики

За многумина од нас тоа е само една мастика на тротоарот, фрлена од несовесен човек. Но за Бен Вилосн, тоа е инспирација за творење.Шарени мастикиШарени мастикиБен поминува повеќе часови барајќи мастика залепена на тротоар и потоа, употребувајќи шарени бои, црта на таквата леплива површина.Шарени мастикиПрво, ја загрева мастиката со летламба и потоа ја лакира за да се стврдне. Употребува специјални акрилни бои со кои ги креира своите уметнички дела. Автор е на повеќе од 10.000 шарени и уметнички мастики кои не се поголеми од оригиналната големина на гумата за џвакање. Негови дела има во Велика Британија и во делови од Европа.Шарени мастикиВилсон со оваа уметност почнал да се занимава пред неколку години сакајќи да си го разубави соседството во Мусвел Хил, Северен Лондон и така почнал да создава шарени плочници низ Велика Британија.Шарени мастики

„Најпрво почнав да цртам обични слики – сè што ќе ми дојдеше во главата. Но, по некое време луѓето од мене почнаа да бараат да цртам конкретни работи“.

Шарени мастикиБен вели дека најчудната работа што ја нацртал е реченицата „Ќе се омажиш ли за мене?“ на парче мастика пред продавница за чевли во која сакала да купува девојката. На крајот, таа се согласила на понудата.

„Цртањето врз мастики за џвакање некако, ме ослободува. Да цртав по ѕидови и директно на плочници, ќе ме казнеа според законот“.

Шарени мастикиБен го уапсија од градската полиција во Лондон заради сомнителни криминални дела. За среќа, случајот беше отфрлен само неколку месеци подоцна и тој го избегна кривичното гонење.Шарени мастикиШарени мастикиШарени мастикиШарени мастикиШарени мастикиШарени мастикиШарени мастики


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

  1. Влатко Reply

    Мрднат

Остави коментар