Шарени чадорчиња кои волшебно лебдат во воздух
Фотографката Патрисија Алмеиде неодамна ги направила овие прекрасни фотографии во текот на разиграната инсталација на чадори, поставена во Агуеда, Португалија. Фотографиите ги сликала со нејзиниот Ајфон и со фотоапарат. Како создадени во некоја бајка, чадорите изгледаат како магично да лебдат во воздухот.Таа напишала на нејзиниот профил на Фликр:
„Во јули во Агуеда, некои улици се декорирани со чадори во разни бои. Се почувствував како мало дете, вчудовидено од толку многу бои. Оваа инсталација таа ја нарекува Umbrella Sky или Небо од чадори.“
Сигурно и вам ви се допаѓа ваквиот забавен вид на надворешна уметност. Покрај убавината на веселите чадорчиња кои висат на небото, тие овозможуваат и убава сенка за пешаците во овие пеколни летни денови. Волшебно, зар не?!
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.