Секојдневните проблеми на една бремена жена
Бременоста и мајчинството носат многу предизвици за една жена, но работите секогаш можат да се погледнат од комичен аспект. Така, Лина Северинсен, илустраторка и аниматорка од Берген, Норвешка, за време на нејзината прва бременост во 2012 година започнала да ја црта серијата илустрации „Kos og Kaos“ (Прегратки и хаос) со цел да овозможи реалноста на блажената состојба да се погледне од една поинаква перспектива. На илустрациите продолжила да работи и во текот на втората бременост, па резултатот се овие 25 слики кои нè засмеваат, но и реално ни ги прикажуваат секојдневните проблеми на бремените жени.