Се плашите ли од кловнови? Морничави портрети од кои ќе имате кошмари
„Clownville“ е фотосерија која се состои од гротескни портрети на застрашувачки кловнови чии креатор е францускиот фотограф Еоло Перфидо. Тој бил инспириран од ѕвездите на немиот филм како Бастер Китон и Чарли Чаплин, кои биле приморани да го преувеличуваат изразувањето на емоциите заради тоа што не можеле да зборуваат.
Модерните кловнови се имаат појавено во доцниот 18-ти век кога се асоцирале со циркузот и комедијата. Самиот збор пак, потекнува од скандинавски корени и значи „несмасен недоделкан момак“. Затоа фотографиите на Перфидо се толку шокирачки – тој трансформирал нешто смешно и весело во нешто вулгарно и застрашувачко, отприлика како што сме навикнати да ги гледаме овие ликови денес во хорор филмовите.
Еоло Перфидо живее во Италија, а неговата работа досега е презентирана во еминентни списанија како „Њујорок Тајмс“, рускиот „Вог“ и многу други. За шминката за оваа фотосерија се погрижила Валерија Орландо.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.