Сè е во деталите: Идеи за уредување на домот така што секој агол ќе изгледа прекрасно
Само затоа што немате голем стан или куќа, не значи дека не можете да го организирате просторот така што ќе предизвика воодушевување. Уредувањето на малиот простор, исто како и уредувањето на големиот простор, бара генијалност и размислување за тоа што ќе функционира во просторот, а што не.
Исто така, малиот простор не значи дека треба да се фокусирате само на основните парчиња мебел и да ги игнорирате деталите. Внимателниот избор на детали ќе придонесе вашиот дом да изгледа посебно.
Една сопственичка на стан во Њу Џерси ќе ви покаже како да направите секој агол од станот да изгледа совршено, благодарение на внимателно одбраните детали. Таа користела многу бели детали и создала вистинска нежна и светла оаза.
Кога ќе ги погледнете фотографиите подолу, ќе забележите дека има огледала на белите ѕидови, а токму светло обоените ѕидови и огледалата се двата совети што ќе ги добиете кога ќе побарате помош за уредување на мал стан што сакате да го направите визуелно поголем.
Освен што го прават просторот поубав, огледалата ја истакнуваат природната светлина во домот, визуелно го зголемуваат просторот и потенцираат одреден дел од станот или куќата. Светлите ѕидови, исто така, визуелно го зголемуваат просторот.
Во продолжение погледнете ги фотографиите што ќе ви дадат инспирација како да го уредите вашиот дом.
Погледнете ги овие кујни во боја во кои ќе се вљубите.