Самоука мејкап артистка го трансформира нејзиното лице во извонредни оптички илузии

Самоука мејкап артистка го трансформира нејзиното лице во извонредни оптички илузии

Самоуката артистка за шминка, позната како Ар Џеј (односно @cakefacerj) го користи нејзиното лице како платно за креирање невообичаени оптички илузии. Користејќи ги четките за шминка како алат за работа, а светлите, разнобојни сенки за очи и пигменти како нејзина палета, импресивното портфолио на Ар Џеј ги илустрира нејзините супериорни вештини и неограничена креативност.

Самоука мејкап артистка го трансформира нејзиното лице во извонредни оптички илузии

Со пасија за шминка и уметност, Ар Џеј научила како да ги комбинира овие две вештини, гледајќи безброј туторијали на Јутјуб, направени од други артисти за шминка. Од тогаш, таа се усовршила во креирање голем број креативни ефекти, кои со сигурност ќе ви го привлечат вниманието и ќе ве натераат да погледнете уште еднаш. Уште поимпресивно, е тоа што Ар Џеј до сега ги има вежбано нејзините креативни мејкап илузии помалку од две години, а веќе име изградено име за себе во индустријата за убавина.

Самоука мејкап артистка го трансформира нејзиното лице во извонредни оптички илузии

Во едно нејзино мејкап дело, инспирирано од апстрактните портрети на Пикасо, Ар Џеј го трансформирала нејзиното лице во збунувачка множина од повеќе очи, носови и усни. Во друг, артистката креира зашеметувачка илузија која открива машински, метален лавиринт внатре во нејзината глава. И наместо да размислува која боја на сенка за очи да ја користи, Ар Џеј оди малку понапред и решава да создаде надреален изглед со шест очи и три пара вештачки трепки.

Самоука мејкап артистка го трансформира нејзиното лице во извонредни оптички илузии Самоука мејкап артистка го трансформира нејзиното лице во извонредни оптички илузии Самоука мејкап артистка го трансформира нејзиното лице во извонредни оптички илузии Самоука мејкап артистка го трансформира нејзиното лице во извонредни оптички илузии Самоука мејкап артистка го трансформира нејзиното лице во извонредни оптички илузии Самоука мејкап артистка го трансформира нејзиното лице во извонредни оптички илузии Самоука мејкап артистка го трансформира нејзиното лице во извонредни оптички илузии Самоука мејкап артистка го трансформира нејзиното лице во извонредни оптички илузии Самоука мејкап артистка го трансформира нејзиното лице во извонредни оптички илузии Самоука мејкап артистка го трансформира нејзиното лице во извонредни оптички илузии Самоука мејкап артистка го трансформира нејзиното лице во извонредни оптички илузии

Погледнете го и ова видео за да дознаете како се одвива целиот процес за создавање на нејзините мејкап уметнички дела:

Може да ве интересира и оваа мејкап артистка којашто ги претвора своите усни во карактери од поп културата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар