Само храбрите парови ќе го направат ова: Тетоважа наместо веренички прстен
Откако моделот Бехати Принслу ја покажа својата „вереничка тетоважа“ – три мали точки кои се поставени вертикално на нејзиниот прст, сите бевме шокирани. Но, после внимателно разгледување и малку истражување, сфативме дека идејата зад правењето на оваа тетоважа е прилично слатка. Таа ја симболизира постојаноста на врската меѓу мажот и жената, а овој тренд е започнат од Адам и Бехати.
Некои тетоважи се мали и слатки, некои едноставни, некои симболизираат некоја тајна порака. Без разлика како тие изгледаат, едно е сигурно – тие јасно ја прикажуваат силната, непоколеблива љубов која ќе остане засекогаш помеѓу оние кои ги носат.