Руската фотографка повторно воодушевува со нови волшебни фотографии од нејзините деца и цела армија животни
Елена Шумилова е талентирана руска фотографка која создава магично убави слики од нејзините деца и животните уживајќи во идилата на селото.
Нејзините фотографии изобилуваат со радост поттикната од животот во селото, бесконечната природа и нејзините две деца со цела армија животни кои ќе ви го загреат срцето.
„Децата и животните – тоа е мојот живот. Јас сум мајка на два сина и ние поминуваме многу време на фармата.“
Квалитетот на сликите се должи на природната светлина која ја користи, на добрата опрема за фотографирање и секако на љубовта кон децата, животните и фотографирањето.
Минатата серија од овие волшебни фотографии од Елена Шумилова, исто така ги објавивме на Кафе пауза.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.