Романтично прибежиште на Малдивите
Како малдивската егзотика да не е доволно романтична сама по себе, па прекрасниот хотел Хувафен Фуши е сместен токму овде за да го надополни амбиентот, кој е како создаден за вљубените да избегаат од реалноста.Хотелот изобилува со луксузни детали. Највпечатлив е неверојатниот стаклен под под кој се гледа беспрекорно чистата вода, давајќи им на гостите чувство дека лебдат во некој друг свет. Но, тоа не е единствениот паралелен универзум сместен на овој приватен остров. Овде се наоѓа првиот подводен спа центар, каде што тие можат да се релаксираат во бројните третмани кои им се на располагање. Покрај тоа, посетителите можат да нуркаат на коралните гребени, да ловат риба на зајдисонце, да пливаат со делфините, да крстарат во близина на брегот итн.Хувафен Фуши на вљубените им нуди и едно многу несекојдневно искуство: тие овде можат да се венчаат или да ги обноват заветите. Оваа венчавка нема граѓански, туку само церемонијален карактер. Сепак, и тоа е доволно за некои двојки да дојдат на оваа плажа и да си дадат завет на вечна верност, додека сонцето заоѓа зад тиркизниот океан.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.