Ретки фотографии од изградбата на Статуата на Слободата во Париз
Дизајнирана од страна на Фредерик Бартолди во соработка со францускиот инженер Густав Ајфел, Статуата на Слободата е огромна неокласична скулптура која се наоѓа на Островот Слобода во Њујорк. Статуата била подарок за Соединетите Американски Држави од народот на Франција, но сепак проектот бил заеднички труд помеѓу двете страни. Работата на Французите била да ја состават статуата, додека пак на Американците да најдат совршено место за неа и да го изградат пиедесталот.Самата статуа е висока 46 метри, но гледана во целост, од земјата до факелот висината изнесува 93 метри. Дизајнот и конструкцијата на Статуата на Слободата се сметаат за најголемите технолошки достигнувања на 19-от век. Таа се наоѓа на самиот раб помеѓу уметноста и инженерството. Откако Бартоли завршил со составувањето на деловите на статуата во Париз во 1885 година ја испратил кон Америка во точно 241 кутија.
Погледнете ја оваа галерија на ретки фотографии од изградбата на Статуата на Слободата во 1883 година. Овие фотографии се дел од „New York Public Library’s Photography Collection“.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Мислите Њу Јорк?
Статуата на Слободата била создадена во Париз, а потоа на делови била испратена во Њујорк 🙂