Рестораните на Мекдоналдс со нов футуристички изглед
Мекдоналдс го ангажирале Патрик Норге да им понуди ново архитектско решение за нивните ресторани во Франција. Планот е Мекдоналдс да воспостави имиџ на фамилијарен ресторан. Оваа мисија ја имаат од самото создавање, иако во своето постоење, тој има изградено слика на тинејџерски ресторан за брза храна.Токму за таа цел, ресторанот во Вилфранш де Лораже, место оддалечено 40 километри од Тулуз, ќе биде првиот кој ќе го добие новиот лик. Концептот веднаш доби позитивни критики, а набрзо се очекува уште шест ресторани да го добијат овој нов лик. Новите ресторани ќе добијат футуристички модерен изглед. Во новите ресторани гостите ќе имаат избор да седнат на високите столчиња, на некое од сепареата или на обична маса.
———————————————————————————————————————————————————————
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
fiuuuuuuuuuu kje dobie… sigurno!!!
na mene voopsto ne mi izgleda kako familijaren restoran. Premnogu ladno go pretstavuvaat.