Реконструкција на светот со Лего коцки
Автор: Ивана Лазороска
Германскиот уметник Јан Ворман ги помина последните три години патувајќи по целиот свет, посветувајќи се на обновување рушевини. Интересно, но истовремено и чудно, е тоа што тој користи Лего коцки наместо малтер и тули.Почетокот на овој проект, наречен „Dispatchwork“ беше во Рим, а сега оваа сјајна шарена пластика краси многу градби низ светот.Пополнети се многу дупки останати како штета од Втората светска војна и тоа со помош на луѓе од секоја возраст. Во оваа акција доброволно биле вклучени деца, родители, баби и дедовци.Популарноста на овој проект растеше со брзо темпо, па луѓе од сите краишта секојдневно испраќаа слики од Лего-реконструкцијата.Во овој момент, овие Лего коцки ги красат Берлин, Амстердам, Белград, Сремски Карловци, Санкт Петербург, Цирих, Њујорк, Барселона, Тел Авив и други градови во светот.
———————————————————————————————————————————————————————
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.