Реконструкција на познати филмски сцени направени на разни локации низ светот
Ален Фјуква има две големи страсти: да патува по светот и да гледа филмови. Како и секој друг турист, за време на бројните патувања направил огромен број фотографии покрај разни знаменитости, па откако му здодеале, добил оригинална идеја како да го избегне тоа во иднина. Идејата ја преточил во проект кој го нарекол „Movie Mimic“ (Филмски имитации).
Кога патува, Ален оди на локацијата каде што е снимена одредена филмска сцена и целосно ја реконструира со тоа што композицијата на фотографијата од филмот е многу слична со онаа неговата. Тој влегува во улогата на познатите актери така што се поставува исто како нив, со него има и статисти, а тие дури имаат и ист израз на лицето.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.