Рефлексија на тагата во човечките очи
Манчестерскиот артист Мартин Линч-Смит умее експертски да го нацрта човечкото око, доловувајќи го секој најмал детаљ. Од совршено превитканите трепки, детално пресликаните брчки под очите, до фасцинантната текстура на рожницата, артистот изведува совршено хиперреалистично пресликување на тагата во човечките очи.
Овие монохроматски креации од колекцијата на 32-годишниот артист наречена „Рефлексии“ (Reflections), се дело на неговата вешта рака и цел сет од разни видови моливи. Погледот во внатрешноста на овие влажни, црно-бели светкави очи, нè одведуваат кон некоја друга сцена, како некои видови надреални пејзажи.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
и јас знам вакви да цртам 😀