Претходно
Разиграни светилки во форма на балони со хелиум
Датум: 02 окт 2013
Коментари: 0
Овие необични кул светилки се дел од колекцијата „Спомени“ на чешкиот дизајнер Борис Климек. Инспириран од спомените од сопственото детство, овие светилки ги замислил како балони со хелиум залепени за таванот. Сијалицата е сместена во „балонот“, а се вклучува со помош на врвката.Светилките-балони ги има во девет различни бои и три различни големини, за да може да се вклопат во каков било простор и да внесат разиграна атмосфера.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.