Разиграни минијатурни скулптури раскажуваат имагинативни приказни
Артистката Кендал Мари гради минијатурни скулптури кои ги носат гледачите на разиграно и имагинативно патување. Со помош на мали фигури и предмети, Мари гради мали светови кои се преполни со креативни спомени, мечтаења и фантазии. Таа за својата работа вели:
„Идејата за креирање на овие минијатурни творби ми настана во сон, а инспирација ми беше и способноста да си играме со нашиот идентитет и со нашите улоги кои настануваат во соништата. Токму затоа мојата минијатурна работа служи како метафора за интуитивните мисли.“
За да ги конструира овие скулптури, Мари ги потопува фигурите во лепак и потоа со помош на пинцета ги сместува на своето место во сцените, кои се изградени од неочекувани предмети и места, како внатрешноста на сад за чај, врвот на мала чанта или пак, едната страна на огледало. Со помош на специфичните основи за секое нејзино дело, Мари ги дефинира границите на нејзината приказна и ги повикува гледачите да погледнат поблизу. Секоја работа е само еден момент во времето, па токму затоа приказната е оставена на самиот гледач да си ја конструира.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.