Разиграната авантура на една артистка во Франција

Разиграната авантура на една артистка во Франција

Одвојте еден момент и погледнете ги овие фантастични фотографии од Франција преку очите на фотографката Маиа Флор. Таа со својот партнер, Џереми Џозеф, отишле на патување низ Франција, истражувајќи ја од еден до друг крај. За 66 дена тие поминале 5.600 километри и посетиле 25 места, вклучувајќи замоци, музеи, цркви и паркови. И токму овие места станале неверојатна сцена за артистката Флор.

(1) razigranata-avantura-na-edna-artistka-vo-francija-www.kafepauza.mk

Овој проект започнал со цел да се снимат спомениците во малку помодерно светло.

„Ние откривме нови градови и споменици и сѐ што требаше да направиме е да создадеме наша приказна за нив. Поминувавме многу време во музеи кои беа празни. Уживавме сами во огромни замоци каде што го дочекувавме изгрејсонцето. Работите ми изгледаат толку луди кога денес пишувам за нив,“ вели Флор.

Преку разиграноста и освежителната смисла за хумор на Флор можеме да ја видиме Франција во сосема поинакво светло. Таа додава и суптилна количина на изненадување и надреалност во секоја нејзина фотографија и токму затоа овие фотографии се издвојуваат од сите останати. Погледнете мал дел од нејзината разиграна авантура…



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар