Раздвижениот Њујорк погледнат низ очила
Секој кој барем некогаш почувствувал како му се замаглува пред очите, ќе сака да погледне низ чистите стакла на очилата за да го види Њујорк во движење. Ова е исклучително паметен и интересен проект зад кој стојат фотографката Џејми Бек и визуелниот графички артист Кевин Бург, дуото кое го знаеме по забавните кинемаграфии кои ни овозможуваат да видиме дел од дејството во инаку статичните фотографии.
Во анимираната фотосерија наречена Seeing New York, буквално можеме да видиме секвенци од живиот и раздвижен Њујорк низ очилата на фотографката. Фокусот на она што го гледаме е врамен во очилата, додека сè што светка и мрда одоколу е замаглено и како да се наоѓа во далечината. За анимираниот ефект е заслужна техниката на Кевин кој отсекува дел од времето и умешно прави да изгледа како да трае бесконечно.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.